Португалците демантираат: Роналдо не се заканил со заминување

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Утрово португалски „Рекорд“ објави информација дека Кристијано Роналдо се заканил со напуштање на репрезентацијата на Португалија откако дознал дека ќе биде резерва против Швајцарија, но брзо пристигна демант.

Фудбалската федерација на Португалија објави соопштение во кое ги демантира информациите дека Роналдо се заканил со заминување.

„Кристијано Роналдо во ниту еден момент не се заканил дека ќе ја напушти репрезентацијата. Секојдневно Роналдо работи и поставува нови рекорди во служба на репрезентацијата. Играчот со најмногу настапи за португалската репрезентација својата посветеност ја докажа во натпреварот со Швајцарија (со влегувањето во игра во финишот). Сите во репрезентацијата исто како и првиот ден се максимално посветени затоа што сакаме ова да биде нашето најдобро Светско првенство досега“, стои во соопштението.

Утрово информации за Роналдо објави и познатиот експерт за трансфери, Италијанецот Фабрицио Романо. Тој уште еднаш потврди дека понудата од Ал-Наср во износ од 200 милиони долари годишно за договор до 2025 година постои, но Роналдо се уште нема никаков договор. Одлуката Роналдо сигурно нема да ја донесе пред завршувањето на настапот со Португалија на СП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот