Марко Алексовски најдобар на меѓународниот тениски турнир Битола Опен
Младиот македонски тенисер Марко Алексовски триумфираше на турнирот Битола Опен за тенисери и тенисерки до 14 година, што изминатиов викенд заврши во Битола. Турнирот беше од трета категорија, а победникот до триумфот стигна на убедлив начин.
Препорачано
Алексовски во првите три меча загуби само по еден гем, а во финалето и полуфиналето на ривалите и препушти по четири гема или вкупно на турнирот во пет меч загуби само 11 гема.
Во финалето нашиот тенисер го совлада Николај Потер од Србија со 2:0 во сетови (6:1, 6:3), додека во полуфиналето беше подобар од Петар Травица од Србија со 6:4 и 6:0.
Во четвртфиналиот меч триумфираше над Стелијан Даракев од Бугарија со 6:1 и 6:0, а претходно ги победи Ѓорѓе Адамовиќ (Србија) со 6:0 и 6:1 и Петрос Бицакос (Грција) со 6:1 и 6:0.
Турнирот кај момчињата помина во знак на македонските тенисери откако турнирска победа во конкуренција на двојки изборија Марин Стефановски и Иван Трповски. Тие во финалето ја победија македонско-германската комбинација Марко Алексовски – Максимилијан Хајцик со 7:6 (5) и 6:3.
Оваа недела се одржува уште еден турнир во Македонија за тенисери и тенисерки на возраст до 14 години – МТП Опен 2025.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
43мин
-
1час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


