„Марка“: Кристиан Ериксен во јануари има нов клуб! (ФОТО)

twitter.com/managingmadrid

Шпанската „Марка“ вели дека преговорите се во тек, останаа да бидат решени уште само детали, оние кои се однесуваат на годишните плати на Ериксен.

Тотенхем ќе заработи помеѓу 20 и 25 милиони евра, што е дури 10 пати помала цифра од онаа која Леви ја бараше во претходните сезони.

Претседателот на Тотенхем Даниел Леви константно ја креваше цената за Данецот, а во еден момент постави сума од неверојатни 250 милиони евра. Ериксен од 2013 година е член на Тотенхем, во кој дојде од Ајакс.

Данецот има договор со Тотенхем до 30 јуни 2020 година и нема никакви најави за продолжување на договорот. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност моментно изнесува 100 милиони евра.

Ќе биде интересно како ќе реагира тренерот Зинедин Зидан на овој евентуален трансфер, а францускиот стратег не е „фан“ на данскиот играч и кој по секоја цена на „Бернабеу“ сака да го доведе Пол Погба од Манчестер јунајтед.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот