Марјан Радески е нов фудбалер на Струга Трим Лум

фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига ангажираше ново засилување пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Струга Трим Лум ја информираше јавноста дека боите на овој клуб ќе ги брани 27-годишното крило Марјан Радески.

Во првиот дел од оваа сезона настапуваше во Ерменија за Пјуник каде во тамошниот шампионат запиша седум настапи.

Претходно беше дел од екипите на Шкупи, Академија Пандев, Шкендија, Металург и 11 Октомври.

За најдобрата македонска репрезентација има 17 настапи и еден гол во 2016 година против Азербејџан.

Претходно оваа зима за Струга потпишаа и Меџит Незири и Бесарт Кривањева. Тимот на Срѓан Захариевски кој веќе тренира и до 23 јануари ќе се подготвува во Струга, додека од 24 јануари до 5 февруари ќе се префрлат во Турција, каде што се планирани неколку пријателски натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот