Марија Шерифовиќ со новиот спот за „Молитва“ ја расплака Европа (ВИДЕО)

youtube
Принтскрин

Потресниот спот на Марија Шерифовиќ за нејзината песна „Молитва“, со која победи на Евровизија во 2007 година, синоќа го обиколи светот и го прикажа Белград во сосема поинакво светло.

Спотот е премиерно емитуван за време на специјалната емисија по повод Евровизија, која оваа година за првпат беше откажана.

Марија Шерифовиќ на многу емотивен начин ги претстави Србија и Белград.

Веројатно никој не остана рамнодушен додека се редеа кадри од белградските улици за време на полицискиот час, медицинските работници во скафандери и под заштитна опрема, исплашените луѓе и децата со маски…

Бројни се позитивните реакции на новата верзија на „Молитва“. Реагираа бројни колеги на Марија, а судејќи според нивните коментари, како и коментарите на нејзините фанови, овие три минути сите ги расплакале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот