Маричиќ: Жалам што некои помали политички партии собираат политички поени на Пописот

Попис 2021 / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Министерот за правда Бојан Маричиќ смета дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението. Според него, добро е што апелите за бојкот не наидоа на поддршка кај граѓаните, кои се свесни за значењето на оваа голема статистичка операција.

– Задоволени сме што пописот тече успешно. Досега 1 400 000 граѓани се попишаа. Сигурен сум дека до крајот на идната недела кога завршува пописот ќе имаме покомплетна бројка. Имаме потоа неколку месеци за сумирање на резултатите. Овој попис се прави по методологија на Евростат, подготвуван е многу долго и се спроведува по 20 години. Ова е натпартиска операција и навистина жалам што некои помали политички партии место да го поддржат, решија да собираат политички поени на пописот, но на крајот убеден дека сите ќе бидеме задоволни од тоа како го изведовме пописот, рече Маричиќ во своето гостување на ТВ24.

Министерот Маричиќ информира дека податоците собрани од пописот се навистина потребни за идните долгорочни развојни политики на земјата. Дополнително, информираше дека попишувачите се од сите етнички заедници и дека процесот е целосно инклузивен.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот