Маричиќ: Со новиот буџет финансиски и кадровски се зајакнува судството

Бојан Маричиќ министер за правда (3)
Бојан Маричиќ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на презентацијата на „Функционалната анализа на основните судови и планот за подобрување на основните судови во РСМ“, која ја изработи Центар за правни истражувања и анализи, со поддршка на Британската aмбасада, кажа дека во буџетот за следната година се планираат повеќе финансиски средства за судовите. Со тоа финансиски и кадровски ќе се зајакне правосудството и треба да биде следено од ефикасни и квалитетни судски постапки, смета Маричиќ.

-Доказ за нашата заложба и влог во правосудството е и Буџетот за судство предвиден за 2022 година, кој е за 6,5 отсто повисок  во споредба со минатата година. Покачување на платите во судството за 15 отсто за сите вработени, вклучувајќи ја и администрацијата. Ќе се зголемуваат и човечките капацитети, со потребни кадри каде што има недостаток во судските инстанци ширум државата, потенцираше Маричиќ.

Инаку, во говорот на настанот министерот за правда го изрази своето задоволство од досегашната соработка со Британската Амбасада, наведувајќи ги како партнери и силни поддржувачи на искрената заложба на оваа Влада во спроведувањето на реформската агенда.

Функционалната анализа на 27-те основни судови, заедно со веќе изработената Функционална анализа на Министерството за правда, претставува заокружување на процесот на подготовка на функционални анализа за сите правосудни институции во државата.

На настанот присуствуваа претставници од основните, апелациските и управните судови во земјава, Врховниот суд, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот