Маричиќ: Испратена е работна верзија на Акцискиот план, патоказите ќе бидат усвоени кога за тоа ќе се создадат услови

Бојан Маричиќ - вицепремиер за европски интеграции / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

Вицепремиерот задолжен за европски прашања во техничката Влада, Бојан Маричиќ вели дека е испратена работна верзија на Акцискиот план за правата на заедниците во Брисел, а патоказите ќе се разгледаат и ќе бидат усвоени кога за тоа ќе се создадат услови.

Како што информираше денеска, земјава добила неколку циклуси на забелешки кои се вградени во текстот на двата патоказа.

-Испратена е една верзија на Акцискиот план која е определено дека не е конечна, туку дека е работна. Во моментот кога ќе процениме заедно, во комуникација со Брисел, дека треба да се испрати конечната верзија, ќе ја испратиме. До каде е усвојувањето, прашањето треба да се упати до државите-членки, тие се уште се во фаза на разгледување на овие документи. Јас ќе бидам во Брисел не оваа недела што доаѓа, туку наредната и ќе имам прилика да се запознаам повеќе со тоа што се случува, имајќи предвид дека и таму има тешки дискусии поврзани со усвојувањето на Планот за раст и генерално, со одлуките поврзани со проширувањето во овој период, пред европските избори. Верувам дека ќе тече како што тече за сите други држави, ќе се разгледаат патоказите и тогаш кога ќе се создадат услови ќе бидат усвоени. Во меѓувреме примивме и неколку циклуси на забелешки кои ги вградивме во текстот на патоказите. Влезени сме во тој дел во една нормална постапка, истакна Маричиќ, одговорајќи на новинарски прашања по чествувањето на денот на раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот