Маричиќ: Новиот Закон за отпис на камати е доказ дека се грижиме за сите

Новиот Закон за отпис на камати, со кој им помагаме на најранливите категории сограѓани да ги вратат долговите кон јавните институции, е доказ дека се грижиме за сите, изјави синоќа во Струга министерот за правда и секретар за меѓународна соработка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Бојан Маричиќ.

Маричиќ, кој заедно со пратеникот во Собранието, Јован Митрески и раководството на струшката Општинска организација на СДСМ, вчереа беше меѓу граѓаните на Општина Струга, потсети и на сите досегашни проекти реализирани изминатите 4 години и на концептот „парите назад кон граѓаните”.

Како што соопшти СДСМ, на маалска средба Маричиќ имаше можност од локалното население да слушне што е реализирано, што бараат и кои се потребите на жителите.

– Жителите на Струга се задоволни од досега реализираното, но секогаш може да се направи нешто повеќе. Затоа и овој пат ќе го понудиме најдоброто. Ќе понудиме концепт кој што води напред, концепт кој што дава резултати. СДСМ секогаш со и за граѓаните, отворено, транспарентно, отчетно. Тоа е нашиот пристап, само така умееме и можеме – нагласи Маричиќ.

Посетата на Општината, Маричиќ ја искористил и за одржување работен состанок со раководството на ОО на СДСМ – Струга, на која биле дефинирани идните насоки за теренските активности и биле разменети информации за текот на внатрепартиската постапка за кандидирање на кандидати за градоначалник и советници на СДСМ, како и за моменталните случувања дома и на меѓународен план.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот