Маричиќ: Граѓанските организации треба да бидат вклучени во преговорите со ЕУ

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се обрати на онлајн регионална конференција насловена како „Време на предизвици – кохезија на Берлинскиот процес и европските интеграции на Западен Балкан”.

– Со граѓанските организации заедно се боревме за почеток на преговорите со ЕУ и поради тоа, граѓанските организации треба да ги имаме и како набљудувачи на процесот, но и како учесници во преговорите, потенцираше Маричиќ, коj се обрати во рамки на третата сесија посветена на соработката на владите со граѓанските организации.

Министерот Маричиќ, соопштија од Министрството за правда, истакнал дека граѓанскиот сектор има огромно искуство на терен во заштитата на човековите права. особено маргинализираните заедници, но и во мониторингот врз судството и обвинителството со што директно влијаат на подобрување на работата на институциите.

– Граѓанските организации се активни и вклучени, но Владата е таа која треба да подаде рака за соработка, без разлика што граѓанските организации имаат улога да ја критикуваат и подобруваат работата на Владата, смета Маричиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот