„МАРДАМ“ на Масин и на Арда, задоволство за ушите и очите – Слободен печат
ВестиВи ПрепорачувамеКултура

„МАРДАМ“ на Масин и на Арда, задоволство за ушите и очите

Мултиуметничкиот перформанс „МАРДАМ“, составен од музика и сликање, вчеравечер се случи во Градскиот парк „на „Школка“ и беше вистинско задоволство и за ушите и за очите.

Пред бројната публика настапија академскиот сликар Мирослав Масин и младиот пијанист Арда Мустафаоглу, кој е инаку, сериозен наследник на нашиот Симон Трпчески.

Пред настапот, скромниот и непосреден Арда, објасни дека овојпат ќе слика на пијаното, додека Масин ќе свири на сликарското платно. Од оваа вечерна соработка на двајцата уметници, излегоа повеќе цртежи. На вториот дел на перформансот се придружија музичарите од квартетот „Strength“.

На крајот пак, двајцата уметници си ги заменија улогите – пијанистот наслика цртеж, а сликарот седна зад пијаното.

Да потсетиме, целта на проектот „МАРДАМ“ е скромен придонес во тоа Градскиот парк да прерасне во место каде класичната музика и ликовната уметност непосредно ќе бидат достапни на посетителите.

Во продолжение, погледнете дел од атмосферата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close