Мануел Пелегрини нов тренер на Бетис

фото: твитер

Искусниот чилеански тренер од денеска и официјално има нов клуб, станува збор за шпанската екипа на Бетис.

Оваа екипа сигурно чекори кон обезбедување на опстанокот сезонава во „Ла Лига“, а од следната сезона на клупата ќе биде предводен од Мануел Пелегрини.

Чилеанецот (65) потпиша договор до 2023 година, последниот ангажман го имаше во Вест хем.

Се поврзуваше и со трансфер во турскиот Фенербахче, но одлучи повторно да биде дел од шпанскиот фудбал.

Во текот на тренерската кариера со Манчестер сити успеа во сезоната 2013/14 да ја освои Премиер лигата. Ги водеше уште Виљареал, Реал Мадрид, Малага…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот