Мануел Нојер официјално го продолжи договорот со Баерн

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Германскиот голман и капитен на Баерн Минхен, Мануел Нојер го продолжи договорот со германскиот фудбалски шампион, соопштија од клубот.

На 28 октомври, Нојер се врати на теренот по 10-месечна пауза откако ја скрши ногата додека скијаше.

Баерн и Нојер го продолжија договорот на уште една година.

– По долго отсуство поради повреда, се вратив. За мене е исклучително забавно да бидам на теренот со овој тим. Сигурен сум дека заедно со навивачите можеме да постигнеме некои големи цели – изјави Нојер.

Нојер пристигна во Баерн во 2011 година и одигра 494 натпревари за баварскиот гигант.

Официјално договор на уште една година со Баерн потпиша уште еден голман, Свен Улрајх.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот