Манчевски: ДУИ ја промаши темата на кампањата, коалиција на СДСМ со ВМРО-ДПМНЕ е најопасното сценарио за државата (ВИДЕО)

Во оваа кампања мислам дека имаме помала доза на тензија. Јасно е дека државата никого не снима, иако секој секого снима под маса. Јасно е кој за што се залага. Од разговорите гледаме дека едната страна се залага да се запре државата да оди напред, а другата работи за добробит и просперитет на граѓаните, изјави Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Според Манчевски, Зоран Заев е еден многу искрен човек и не треба да заборавиме што се издржал на свој грб и своја глава. Во однос на одзивот на изборите рече дека очекува тој да биде помал иако како што вели последните истражувања сепак покажале дека мал дел од граѓаните се двоумат да излезат на гласање.

-Одзивот очекуваме да биде помал од другите парламентарни избори, но последните испитувања на јавното мислење покажуваат и дека нема да биде толку голема бројката, односно само мал процент на граѓаните не се спремни да излезат на гласање заради загриженост од заразата. Мислам дека токму заради тоа што големи други сегменти од општеството се враќаат во друга нова нормала, под нови протоколи со нови правила, на истиот начин граѓаните се свесни дека ќе се организира и денот на гласањето. Ова се протоколи поготвено од Комисијата за заразни болести и луѓето имаат доверба. Сепак очекувам дека ќе имаме намалена, но не драстично намалена излезност. Што се однесува до нашите поддржувачи, свесни сме дека тоа се послободоумни луѓе, не до толку партиски луѓе и свесни сме дека токму они ќе пробаат да го искористат денот некаде место да гласаат. Апелирам да не го прават тоа. Овие избори се многу важни. Ризикуваме да изгубиме се што добро направивме до сега. Граѓаните ќе си го кажат своето. Разговараме со луѓето и испитувањето на јавното мислење кажува дека нашата коалиција има поголема поддршка меѓу народот.

Прочитајте и...  Во САД по 17 години извршена смртна казна на федерално ниво

ДОГОВОРОТ ОД ПРЕСПА

-Договорот од Преспа е завршена работа и само на шега може да зборуваме за враќање назад. Таквите понуди на некои од политичките партии е неодговорна. За НАТО веќе никој не разговара бидејќи веќе сме членка, сега чекаме да ги почнеме преговорите за членство во ЕУ, нормално е што сега во нашата програма повеќе се насочуваме кон проблемите на граѓаните, бидејќи тоа е завршена работа.

КАМПАЊАТА НА ДУИ

Нашиот концепт за едно општество за сите значи еднакви граѓани и ние тоа го покажавме преку дела. Она што денеска може да го констатираме е дека секој граѓанин од било која етничка заедница може да комуницира со институците на својот мајчин јазик и да добие одговор на мајчиниот јазик.

Прочитајте и...  Приватна болница во Бангладеш издавала лажни тестови за Ковид-19, уапсен сопственикот

Мислам дека ДУИ ја промашија темата на кампањата. Покрај се што заедно направивме во оваа Влада, да излезете со една ваква етно-центристичка кампања е грешка. Но, се одлучија на таков чекор, тоа значи дека се согласуваме со нив. Сметам дека токму преку образовниот процес, преку медиумите многу повеќе допираме до младите.

КОАЛИЦИЈАТА СО БЕСА

-Беса има стабилно гласачко тело. Но тука не калкулираме кој партија колку гласови носи. Конечно направивме една вистинска мултиетничка коалиција и меѓу останатото затоа веќе никој не збори победник со победни, затоа што СДСМ дефинитивно ќе е победник.

КОАЛИЦИЈА СДСМ-ВМРО-ДПМНЕ / ГОЛЕМА КОНЦЕНТРАЦИОНА ВЛАДА

-Ова е прашање кое се провлекува од 91. Прво затоа што сме идеолошко екстремно различни. Ние да влаземе заедно во Влада тоа ќе биде секојдневна борба во владата и ќе биде тотално дизфункционално. Тоа е и најопасното сценарио за државата. Не е добро и за демократијата. Еве и во техничката Влада не е едноставно. Имаме различни ставови и позиции. Кога имате министер за внатрешни кој вика дека заради тоа што од партија му рекле нема да казнува, за што понатаму да правиме муабет.

Прочитајте и...  Зукорлиќ: Потребна е нова влада и нов премиер

 

Прочитај повеќе

ЈО: Жител на Василево на бензинска нудел ваучери за гориво за да се гласа за определена политичка партија

Слободен печат

Бугарските социјалисти поднесоа барање за изгласување недоверба на владата на Борисов

Слободен печат

Полицаец во Дебрешта им кажувал на гласачите кој број да го заокружат

Слободен печат

Во Општина Велес до 11 часот излезноста 19,67 проценти

Слободен печат

Предлог резолуција за Сребреница во американскиот Конгрес

Слободен печат

Поништена одлуката на ЕК „Епл“ да и исплати на Ирска 13 милијарди евра за данок

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Главниот град на Венецуела во карантин

Слободен печат

Одѕивот на гласањето до 11 часот над 15 отсто

Слободен печат

Во Русија над 6.400 новозаразени со коронавирус

Слободен печат

Падот на залихите на САД предизвикаа раст на цената на нафтата

Слободен печат

Внуката на Трамп побара тој да си даде оставка, еве зошто (ВИДЕО)

Слободен печат

Грција им должи милијарди евра на пензионерите поради незаконски кратења на пензиите

Слободен печат