Манчестер сити со соопштение: УЕФА те тужи, УЕФА ти суди!

фото: твитер

– Во декември 2018 година, инспекторите на УЕФА јавно сакаа да ни изрекуваат санкции кога сеуште не беше покрената истрага за клубот – велат од „Етихад“.

На денот на вљубените еден шокантен подарок од Европската фудбалска куќа за Манчестер сити кој доби забрана во УЕФА натпреварувањата во наредните две години.

Освен забраната, „граѓаните“ ќе мора да платат и парична казна од 30 милиони евра, а после одлуката на УЕФА веднаш се огласија и од „Етихад“ со соопштение:

– Клубот е разочаран, но и не толку изненаден од денешните најави на Советодавниот совет на УЕФА. Нашиот клуб секогаш бараше независно тело да биде вклучено во процесот за да може да се донесат одлуки непристрасно. Во декември 2018 година, главните инспектори на УЕФА јавно сакаа да ни изрекуваат санкции кога сеуште не беше покрената истрага за клубот. Клубот тогаш се жалеше до правниот орган на УЕФА, а жалбата е прифатена во Судот за спортска арбитража. Едноставно кажано, ова е случај инициран од УЕФА, кој го гони УЕФА и го суди УЕФА.  Сега ќе бараме непристрасна пресуда што е можно поскоро. Во прв степен, ќе поднесеме жалба пред Судот за спортска арбитража во Лозана – се вели во соопштението на Манчестер Сити.

Дефинитивно во наредниот период ќе се води „војна“ на релација Манчестер сити – УЕФА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот