Манчестер сити не се предава, Челзи запрен на „Етихад“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Во последниот натпревар в сабота од 13. коло во Премиер лигата, Манчестер сити славеше со 2:1 против Челзи. Лондонските „сини“ дојдоа до водство со гол во 21. минута, стрелец беше Нголо Канте, одлично пронајден од Ковачиќ.

Само осум минути подоцна, среќно Кевин де Брујн успеа да го врати Сити во мечот и да донесе израмнување.

Целосен пресврт „граѓаните“ направија преку Ријад Марез после додавањето на Родри. До крајот на првото полувреме Серхио Агуеро погоди пречка.

Немаше пробеми на резултатот до крајот на средбата, па фудбалерите на Пеп Гвардиола дојдоа до трите бода и сега се наоѓаат на третото место со 28 бодови, девет помалку од Ливерпул и еден од Лестер, а два повеќе од Челзи на четвртата позиција.

Претходно во лондонското дерби Тотенхем беше подобар од Вест Хем на дебито на Мурињо, а Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Кристал Палас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот