Премиер лига: Ливерпул со шампионски „менталитет“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Коло кое воглавно им припадна на гостите, единстевено Арсенал успеа да ремизира дома против Саутемптон, иако и „топчиите“ беа многу блиску до пораз.

Ингс им донесе водство на гостите уште во осмата минута, па израмни Лаказет на 1:1 со резултат со кој се замина на пауза на „Емирати“ стадионот во Лондон.

Вард-Пруз иако го утна пеналот, веднаш се поправи за нова минимална позитива на Саутемптон, но Арсенал успеа да извлече бод во 96. минута благодарение на вториот погодок на Лаказет во овој меч.

Европскиот шампион Ливерпул ја продолжува победничката серија, дојде до четвртиот триумф во низа на гостувањето кај Кристал Палас (1:2).

Немаше голови во првото полувреме, но затоа во второто Мане стрелаше за позитива на „црвените“, па израмни Заха после асистенцијата на Таунсенд, а трите бода за гостите ги донесе Фирмино во 85. минута на „Селхурст Парк“ во Лондон.

Претходно саботната програма беше отворена со лондонското дерби меѓу Вест Хем и Тотенхем во кое што Мурињо имаше успешно деби на клупата на Спарси.

Премиер лига, 13. коло

Сабота –

Вест Хем-Тотенхем 2:3
Арсенал-Саутемптон 2:2
Борнмут-Вулверхемптон 1:2
Брајтон-Лестер 0:2
Кристал Палас-Ливерпул 1:2
Евертон-Норич 0:2
Ватфорд-Барнли 0:3

18.30 часот
Манчестер сити-Челзи

Табела:

1.Ливерпул 37 бодови
2.Лестер 29
3.Челзи 26
4.Манчестер сити 25
5.Вулверхемптон 19

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот