Манчестер сити има нов интересен план за Лео Меси!

Фото: EPA-EFE/QUIQUE GARCIA

Од „Сити Фудбал Груп“, сопственик на Манчестер сити, се подготвени да му понудат 10-годишен договор на Аргентинецот..

Претседателските избори во фудбалскиот клуб Барселона ќе се одржат на 24 јануари 2021 година, а еден од главните кандидати да ја има функцијата прв човек на каталонската екипа е Виктор Фонт кој верува дека иднината на Лионел Меси е токму на „Камп Ноу“.

Аргентинецот ќе може да ја напушти Барса како слободен играч наредното лето доколку не потпише нов договор со Каталонците, а прв во редот за неговиот потпис веќе долг период стои Манчестер сити кој е подготвен да одвои голема сума на пари.

Веќе многупати Меси го поврзуваат со дресот на „граѓаните“, а менаџерот на премиерлигашот, Пеп Гвардиола, уште еднаш пред медиумите изјави дека посакува неговиот поранешен играч да ја заврши кариерата во Барселона.

Но, од „Сити Фудбал Груп“, сопственик на Манчестер сити, се подготвени да му понудат 10-годишен договор!

Фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Така, капитенот на „гаучосите“ би ја имал можноста после Сити да настапува за било кој друг клуб кој е во сопствеништво на истата групација – Њујорк сити, Мелбурн сити или Јокохама Маринос, само кога ќе одлучи да го напушти тимот од „Етихад“.

Секако, сето тоа би можело да се реализира по 30 јуни следната година, кога истекува договорот со Меси, а играчот ќе може да влезе во преговори со Сити веќе од јануари.

Нема да се предаде и Барселона, а Фонт кој веќе многумина го гледаат како идниот нов претседател на клубот, верува дека иднината на Меси е на „Камп Ноу“:

– Убеден сум дека иднината на Меси е тука, со нас. Лео е победник, и како и сите навивачи на Барселона, ние сме разочарани од резултатите кои не ги исполнуваат нашите очекувања. Но, тоа нема никаква врска со она што претстои во блиска и далечна иднина, а ние сигурно ќе му го претставиме планот на Лео и да го убедиме дека постои проектот за иднината – рече Фонт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот