Манчестер Јунајтед нема да се жали, Касмиро суспендиран четири натпревари

Фото: EPA-EFE/Adam Vaughan

Манчестер Јунајтед соопшти денес дека нема да се жали на црвениот картон на Касемиро кој Бразилецот го доби во натпреварот против Саутемптон.

Судијата Ентони Тејлор му покажа директен црвен картон на Касемиро за кого тоа беше втора ваква санкција сезонава. Според правилата во англиската Премиер лига, автоматски доби четири натпревари суспензија.

Ова значи дека Касемиро ќе ги пропушти натпреварите против Фулам, Брентфорд и Евертон на „Олд Трафорд“ и гостувањето кај Њукасл. На располагање во Премиер лигата, Тен Хаг ќе го има на 15-ти април кога тимот ќе игра против Нотингем Форест.

Се очекува во негово отсуство поголема улога да одиграат Фред и Сабицер, можеби и Мектоминеј. Добра вест во целата ситуација е што Тен Хаг ќе го има свеж за реванш натпреварот против Бетис во четврток и извесното четвртфинале во ова натпреварување бидејќи Јунајтед во првиот натпревар славеше победа од 4:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот