Малолетник повреден во сообраќајка во Велес

Архива

Екипа на СВР–Велес изврши увид на местото на настанот.

Утринава во близина на Велес, товарен воз удрил во возило управувано од 16-годишно лице. Момчето со тешки телесни повреди е пренесен во велешката болница.

Според информациите од МВР околу 6.40 часот на патниот премин кој се наоѓа кај влезот на фабриката за порцелан во Велес, товарниот воз кој сообраќа на линијата Велес – Прилеп удрил во патничко возило „фолксваген голф“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(16) од с.Согле, општина Чашка.

Возачот на возилото со тешки телесни повреди е пренесен во болницата во Велес. Екипа на СВР–Велес изврши увид на местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот