Малолетници пиеле алкохол во два локали во Прилеп, поднесени пријави

Контроли во Прилеп, родители заедно со полицијата во ноќна обиколка/Фото: МВР

На 05/06.08.2022, согласно планот на СВР Битола-Отсек за превенција во рамки на проектот „Безбедно лето”, во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи и Полициската станица Прилеп, на подрачјето на Прилеп беше реализирана превентивна активност „Соседска патрола” во која учествуваа родители, педагошки служби од основни училишта и др.

Притоа беше извршена контрола и посета во  повеќе угостителски објекти, паркови и други јавни простори каде има присуство на малолетници во ноќните часови. Притоа, во два угостителски објект биле затекнати пет малолетници од Прилеп кои конзумирале алкохол. По целосно документирање на случајот против одговорните лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Целта на ваквите активности е  родителите на малолетниците да добијат претстава на какви ризици се изложени нивните деца и како да се препознаат и превенираат ризиците од вакви појави на девијантно однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот