Малолетничка прегазена при сообраќајка на два автомобили на „Пластичарска“

стоп полициска лента / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Малолетничка е тешко повредена откако била прегазена при сообраќајка на два автомобили на „Пластичарска“.

Како што информираат од МВР, вчера во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Карев“ со ул.„Прохор Пчински“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат 500“, управувано од триесет и петгодишниот А.М.С. и патничко возило „шевролет спарк“ управувано од седумдесет и шестгодишниот С.П., двајцата од Скопје, по што едно од возилата удрило во малолетничка – пешак од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот