Малку возбудувања и реми без голови на Уругвај и Јужна Кореја

Фото: 2022. EPA-EFE/Neil Hall

Со големото искуство кое го имаат во своите редови Уругвајците не успеаа да го стартуваат со победа Мундијалот во Катар. Во нивниот прв натпревар денес против Јужна Кореја ремизираа 0:0.

Селекторот на Уругвај одлучи на ова Светско првенство да се потпре на искуство, па и во стартниот состав денес шанса добија играчи како Суарез, Касерес, Годин...Кавани влезе во игра во второто полувреме на местото на Суарез. Диего Годин во 42. минута по еден корнер ја погоди стативата од голот на Корејците.

Не донесе многу фудбалска убавина овој натпревар, не изобилуваше со шанси се играше во главно на средината на теренот без многу прекини. Со оглед какви продолженија гледавме на овие натпревари треба да се спомене дека првиот дел беше продолжен само една минута. Статива со удар од далечина погоди и Валверде во второто полувреме.

Јужна Кореја предводена од ѕвездата на Тотенхем Сон знаеше на моменти да се закани, меѓутоа не беа тоа оние 100% прилики за гол. Токму Сон по едно погрешно додавање на голманот на Уругвај имаше голема шанса во 90. минута, но неговиот удар заврши покрај голот.

Веќе од 17:00 часот се игра новиот натпревар во оваа група, а тоа е пресметката помеѓу Португалија и Гана, вечерниот термин од 20:00 часот е резервиран за дербито Бразил – Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот