Малку фалело Роналдо и Меси да играат заедно во Барселона

EPA/Alejandro Garcia

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, тврди дека во 2009 година Барселона била на чекор да формира неверојатен тандем, Кристојано Роналдо – Лионел Меси.

Калдерон во разговорот за арапската телевизија Ал Мајаден открива како потпишал договор со Роналдо и колку малку фалело трансферот да биде упропастен поради менаџерот на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Имено, Фергусон го мразел Реал Мадрид и поради тоа го понудил Португалецот на најлутиот ривал, Барселона.

Со години работев на трансферот на Роналдо во Реал Мадрид и кога конечно договоривме, а јас потпишав преддоговор со Роналдо, сер Алекс Фергусон го понуди на Барселона. Фергусон тоа го направи бидејќи го мрази Реал Мадрид. Смета дека Реал е клубот кој го попречува Јунајтед да стане најголем фудбалски клуб на светот – открива Калдерон.

Според поранешниот претседател на „кралскиот“ клуб, до таков трансфер не дошло само поради Кристијано Роналдо.

Барселона беше одушевена од предлогот на Фергусон и веднаш тргна по него. Но, Роналдо не сакаше да слушне за таков трансфер, им кажа дека има обврска кон мене и Реал Мадрид и дека нема пари за кои би го прекршил ветувањето – вели Калдерон.

Тој исто така открива дека не бил само дадениот збор пречка за трансфер во Барселона.

Се уште го чувам документот на кој се наоѓаат мојот и потписот на Роналдо со кој потврдуваме дека доколку некоја страна го прекрши договорот за премин во Реал Мадрид, на другата странка ќе мора да и плати 30 милиони евра.

На крајот Роналдо заврши во Реал Мадрид со кого освои четири титули во Лигата на шампионите пред да потпише за Јувентус во 2018 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот