Максим Димитриевски кандидат на ЗНАМ за претседател на државата

Максим Димитриевски/Фото: Слободен печат

Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК, нагласи Мемов

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија одлучи да му предложи на Конгресот на партијата дека Максим Димитриевски ќе биде кандидат за претседател на претстојните избори.

Портпаролот на партијата, Никола Мемов на прес-конференција најави дека од утре почнува постапката за собирање потписи.

Според него, граѓаните првпат ќе имаат можност да гласаат за одредена опција, а не како досега, да гласаат против.

-Очекуваме победа. Нашата анализа покажува дека Димитриевски ќе влезе во вториот круг, за потоа да имаме и конечна победа. Ги повикуваме граѓаните да ја поддржат кандидатурата на Димитриевски во општинските канцеларии на ДИК, нагласи Мемов.

Тој информира дека по завршената внатрепартиска постапка, Извршниот одбор донел одлука да му предложи на првиот Конгрес Димитриевски да биде кандидат за претседател на државата.

-На Македонија и е потребен татко на нацијата, чувар на идентитетот и заштитник на историјата. На Македонија и е потребна предвидливост, надеж, стабилност, сигурност, правда, иднина. На Македонија и е потребен претседател којшто ќе го даде максимумот за неа. На Македонија и е потребен Максим Димитриевски, рече Мемов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот