Макрон: Лукашенко мора да си оди

Францускиот претседател Емануел Макрон рекол за францускиот магазин Журнал ди диманш, дека претседателот на Белорусија, „Лукашенко мора да си оди“, пренесува Бета.рс.

Европската унија соопшти во четвртокот дека не го признава Лукашенко за претседател на Белорусија заради големите протести ширум земјата кои ги доведуваат во прашање резултатите на претседателските избори од минатиот месец, за кои Лукашенко тврдеше дека убедливо победил, додека подржувачите на опозицијата сметаат дека изборите се наместени.

„Тоа што се случува во Белорусија е криза на власта, авторитарна власт која не може да ја прифати логиката на демократија и се одржува на сила“, рекол Макрон во интервју за Журнал ди диманш, при утрешната посета на Литванија и Летонија.

Протести во Белорусија, Тихановскаја ќе биде симболично инаугурирана за претседател (ФОТО+ВИДЕО)

Во вчерашното обраќање на виртуелниот состанок на Генералното собрание на Обединетите нации, белорускиот министер за надворешни работи предупреди на мешање на западните земји и наметнување на санкции заради претседателските избори во земјата и владиниот одговор на демонстрациите.

„Гледаме обиди на дестабилизација на ситуацијата во земјата. Мешањето во нашите внатрешни работи, санкциите и другите ограничувања во Белорусија ќе имаат спротивен ефект и апсолутно се штетни за се“, рекол шефот на белоруската дипломатија.

Повеќе од 12.000 лица се уапсени за време на демонстрациите, откако претседателот Александар Лукашенко беше прогласен за победник на изборите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот