Макрадули: Мијалков е пуштен од притвор на денот на оставката на Заев, тоа не е случајно

фото Миа

Поранешниот пратеник и актуелен директор на Пошта на Северна Македонија, Јани Макрадули, смета дека тајмингот за пуштањето на Сашо Мијалков од притвор е намерно одбран да се совпадне со денот на годинешното обраќање на претседателот Стево Пендаровски и оставката на премиерот Зоран Заев.

-Го бирале тајмингот. Направен е обид за каша. Се покажа уште еднаш дека реформите што се прават во судскиот систем останаа недовршени. Мислам сите граѓани јавно бараат објаснување за одлуката и верувам дека судиите ќе елаборираат. Очигледно дел од старата структура меѓу судиите се уште постои. Овој период недоволно ја поттикнува самата свесност во рамки на судскиот систем и ни се случуваат вакви шокови што треба да се објаснат, вели Макрадули во гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Според него, премиерот во заминување оставил „една позитивна трага во работењето на Владата“.

-Тој остави нов пристап и дух во функционирањето на Владата, ќе треба доста напор да внесе Ковачевски, бидејќи турбулентно е кај нас, никогаш не е досадно. Константно имаме политичка криза и тензија, поделеноста е голема, смета Макрадули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот