Македонскиот селектор Бајиќ со 15 кошаркари против Шпанија и Украина

Светскиот шампион Шпанија ќе биде прв предизвик за нашите најдобри кошаркари во квалификациите за Мундобаскет/Фото: kfsm.mk

Селекторот на нашата машка сениорска репрезентација, Драган Бајиќ, го скрати списокот на кошаркари на кои ќе смета за ноемврискиот ФИБА „прозорец“ од квалификациите за Светскиот Куп во 2023 година.

Со оглед на времето до првите квалификациски обврски, односно првиот натпревар од квалификациите закажан за 26 ноември во Скопје, кога го пречекуваме светскиот шампион Шпанија, Бајиќ се определи за список од 15 кошаркари. Првиот собир на нашиот сениорски национален тима е предвиден да биде вечерва, во хотелот „Double tree by Hilton“ во Скопје, каде ќе биде и „базата“ на националната селекција во овој квалификациски циклус.

Од 19.30 часот, предвидена е заедничка вечера, а веќе од понеделник стартуваат мини-подготовките пред почетокот на Светските квалификации. Натпреварот помеѓу Македонија и Шпанија ќе се игра во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 19.30 часот (директен пренос на Спорт Клуб). Повеќе информации околу цените на влезниците на следниот ЛИНК

По средбата со Шпанија, на 29 ноември следува и онаа против Украина, која ќе се игра во „Палатата на спортовите“ во Киев. Согласно со планот на подготовките, нашите најдобри кошаркари ќе работат во два дневни термини. Утринските тренинзи се предвидени од 10.00, а вечерните од 18.00 часот, во салата на СЦ „Јане Сандански“.

Согласно планираното на стручниот штаб, предводен од селекторот Драган Бајиќ, ќе се тренира и на денот на одигрување на натпреварот со „црвената фурија“, на 26 ноември.

СПИСОК НА ИГРАЧИ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

(ЗА ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ – НОЕМВРИ 2021)

Бојан Крстевски, Кристијан Николов, Дамјан Робев, Адем Мекиќ, Дамјан Стојановски, Бобан Стајиќ, Стојан Ѓуроски, Љубомир Младеновски, Виктор Ефремовски, Андреј Маслинко, Кирил Николовски, Лејсон Зекири, Андреј Магдевски, Теодор Симиќ, Џејкоб Вајли.

Почнува продажбата на влезниците за натпреварот Македонија – Шпанија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот