Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс го води Париз кон финалето во Еврокупот

Ти Џеј Шортс („Париз“)/фото: instagram.com/parisbasketball

Се одиграа првите натпревари од полуфиналето во плеј-офот на Еврокупот, кошаркарите на Париз на домашен терен со 99:86 против британскиот Лондон Лајонс.

Прв стрелец во редовите на француската екипа беше македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 23 поени, шест скокови и седум асистенции за 26:33 минути поминати на паркетот.

Вториот меч ќе се игра во Лондон на 29 март, а доколку биде потребно, „мајсторката“ е закажана за 3 април во Париз.

И втората француска екипа во полуфиналната фаза од натпреварувањето поведе со 1:0, Бург пред своите навивачи со 86:74 славеше над турскиот Бешикташ.

Следниот дуел е закажан за 29 март во Истанбул, а евентуалниот трет натпревар ќе биде во Франција на 3 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот