Македонскиот репрезентативец Несторовски е блиску до трансфер во Венеција!?

фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски би можел од следната сезона да ги брани боите на Венеција, а преговорите се во тек.

Како што информира италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, нашиот 33-годишен играч е блиску до преселба во клубот кој минатата сезона го освои осмото место во Серија Б.

Моментно тренерот на Венеција, Паоло Ваноли во нападот го има Финецот Јоел Похјанпало (19 голови и седум асистенции во 37 настапи), но би можел наскоро да го освежи тимот со нов искусен напаѓач.

Несторовски од 2019 година беше дел од Удинезе, лани во Серија А запиша 21 настап и два голови против Салернитана и Наполи.

Во клупската кариера играше и за Победа, Словачко, Викторија Жижков, скопски Металург, Интер Запрешиќ и Палермо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот