Македонскиот репрезентативец Димитријевиќ позитивен на ковид-19

димитријевиќ
Ненад Димитријевиќ би можел да игра во Русија/Фото: facebook.com/valenciabasket

Денеска Валенсија се соочи со проблем пред новиот натпревар во кошаркарскиот Еврокуп против турскиот Бурсаспор.

Во редовите на шпанската екипа требаше да биде македонскиот плејмејкер Ненад Димитријевиќ, но како што известија од клубот неговото последно тестирање за ковид-19 се покажа како позитивно. По воспоставениот протокол, играчот е изолиран дома, во добра состојба.

На табелата во групата „Б“ Валенсија е на четвртото место со учинок од четири победи и три порази, зад Будуќност, Гран Канарија и Виртус Болоња.

На последниот меч во ова натпреварување одигран во декември Димитријевиќ настапи против Цедевита Олимпија постигнувајќи пет поени за скоро 12 минути игра на паркетот.

Од аспект на статистиката просечно оваа сезона Македонецот има 11,5 поени, 2,0 скокови и 5,4 асистенции по меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот