Македонската У19 селекција со пресврт го совлада Кипар

Македонска фудбалска репрезентација до 19 години/фото: ФФМ

Македонската репрезентација до 19 години во вториот пријателски натпревар успеа да триумфира над Кипар со 3:2.

Иако противникот водеше со резултат 2:0, нашите фудбалери направија пресврт за победа на овој контролен меч.

Овие две селекции на првата пријателска средба одиграна во саботата ремизираа без голови (0:0).

Нашите фудбалски надежи се подготвуваат за квалификацискиот турнир за Елитна фаза за Европското првенство.

Нашата земја ќе биде домаќин на квалификацискиот тунрир кој ќе се одржи од 17 до 23 ноември годинава, а ривали ќе бидат Норвешка, Србија и Сан Марино. Првопласираните две репрезентации од групата ќе се најдат во елитната фаза. Континенталниот собир во 2023 година за играчи до 19 години ќе се одржи во Малта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот