Македонска екипа на подиум во ТЦР Европа шампионатот!

фото: facebook.com/TCREurope

Македонскиот тим „PSS racing team“ оствари одличен резултат на денешната трка од ТЦР Европа што се возеше во Франција.

Возбудливиот и неверојатно успешниот почеток на новата сезона за оваа екипа продолжи и на втората трка, замена-возачот Нестор Џиролами со својата „Хонда Сивик Тајп Р“ го освои второто место зад првопласираниот Мајк Халдер од редовите на „Профи Кар Тим Халдер“, а на третата позиција се најде Теди Клере од „Тим Клере Спорт“.

Џиролами го донесе првиот подиум за „PSS racing team“ (чиј член е и нашиот Виктор Давидовски), што секако претставува огромен успех и мотив за уште подобри резултат во следниот период.

Навистина сум среќен за резултатот. Вчера ни недостасуваше топ брзина поради жешките температури, па денеска одлучивме да нападнеме од првиот круг, веднаш од седмото до четвртото место. Потоа дојдов до третата позиција и си помислив можеби би се обидел и за позицијата бр. 2, но тогаш Тофик во „Ауди“ мораше да помине казна, и дојдов лесно до второто место – вели Џиролами.

Во генералниот пласман кај возачите води Даниел Лојд со 69 бодови, пред Мехди Бенани (68) и Џиролами (66). Според календарот наредните возбудувања во првенство се во периодот од 11-13 септември 2020 година во Золдер, Белгија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот