Македонија со 12 медали на меѓународниот турнир во џиу џица во Словенија
Македонските натпреварувачи во џиу џица предводени од селекторот Александар Ацевски имаа успешен настап на меѓународниот турнир во Кочевје, Словенија.
Препорачано
Нашите борци се закитија со вкупно 12 медали, од кои пет златни, два сребрени и пет бронзени.
Злато освоија Катерина Ацевска, Данил Николиски, Антонио Трајковски, Матеј Нифотов и Леа Ѓоргеска, сребро имаат Христијан Јованов и Лина Ѓоргеска, а бронза Марко Панчевски, Марија Треневска, Филип Стојчевски, Јован Шишков и Јован Николиски.
Како што најавија од Македонската Џиу – Џица Федерација, ова беше и тренинг турнир пред Европското првенство што наредната недела ќе започне на Крит, а нашата репрезентација ќе ја сочинуваат четворица спортисти.
На овој турнир „Словенија опен“ организиран од локалниот клуб Сибор учествуваа 340 натпреварувачи од 12 земји.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
10мин
-
14мин
-
9час
-
9час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


