Македонија и Словачка за првото место на традиционалниот турнир „Чајка“

Македонските одбојкари атакуваат на триумф во Скопје против БиХ/ Фото: facebook.com/volleyballmkd

Според настаните на теренот во арената „Борис Трајковски“ – Скопје не можеше да има поинаков епилог на вториот натпревар на 45 издание на традиционалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“.

И репрезентацијата на Словачка славеше над Црна Гора со 3:0 (25:18, 25:17, 25:15) со беспрекорна игра во којашто проработеа сите елементи на составот на селекторот Марек Кардош.

Словаците забележаа 12 блока повеќе, со асови остварија позитива од четири поени, а девет со напад, беа одлични во реализација на контрите, така што Црна Гора немаше шанса да го поправи впечатокот од вчерашниот пораз од Македонија.

Коректорот Михаловиќ беше најефикасен со 14 поени, примачот Кришко заврши со 11, Патак и Крајчовиќ освоија по девет, центарот Мачуха осум, а техничарот Гоч девет. 

Во третопласираната селекција на турнирот (Израел го откажа учеството поради ковид-19 случаи во својот состав), Црна Гора, Чулафиќ стигна до девет, Бојиќ седум, а Чачиќ шест поени.

В недела од 20.00 часот нашите најдобри одбојкари ќе играат со Словачка, а победникот ќе го освои првото место на меморијалот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот