Македонија и 11 земји-членки на НАТО ја зајакнуваат соработката за обука на воени пилоти

Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Како што соопшти НАТО, со зголемување на бројот на кампуси, каде воздухопловните екипажи ќе имаат пристап до најсовремените можности за тренинг, ќе биде олеснета обуката на пилотите. Се очекува кон иницијативата во текот на годината да се приклучат и уште неколку НАТО сојузници

Дванаесет членки на НАТО, меѓу кои и Македонија, се договорија за понатамошно проширување на соработката за обука на воени пилоти во рамки на Иницијативата на Алијансата за обука за летање во Европа (НФТЕ).

Со овој договор се предвидува обука на околу 50 идни пилоти на четири локации започнувајќи уште од оваа година, воспоставување на девет нови тренинг кампови, како и формирање на советодавно тело за одбранбената индустрија.

Целта на НФТЕ е да воведе фундаментални промени во начинот на обука на воздухопловните екипажи, вклучително и на пилоти на авиони и хеликоптери, со што не само што се зајакнува способноста на Воените воздухопловства на членките на Алијансата, туку се промовира и нивното единство.

По повод постигнувањето на договорот заменик генералниот секретар Мирчеа Џоана изјави дека единството не се случува само по себе, туку тоа треба да се одработи.

– Еден од начините да се постигне единство е преку заеднички систематски обуки и создавање на доверливи односи. НФЕТ е одличен пример за ова. Овој важен мултинационален напор ќе ни помогне кон заеднички пристап за обука на следните генерации на пилоти, додаде Џоана.

Како што соопшти НАТО, со зголемување на бројот на кампуси, каде воздухопловните екипажи ќе имаат пристап до најсовремените можности за тренинг, ќе биде олеснета обуката на пилотите. Се очекува кон иницијативата во текот на годината да се приклучат и уште неколку НАТО сојузници.

Покрај земјава, со договорот за проширување на соработката за обука на пилоти се опфатени и Белгија, Велика Британија, Италија, Германија, Грција, Романија, Турција, Унгарија, Црна Гора, Чешка и Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот