Македонија го освојува 16 место на Европското одбојкарско првенство

фото: Слободен печат / Драган Митрески

На Европското одбојкарско првенство, кое завршува на 16 септември, остануваат да се одиграат полуфиналните натпревари, мечот за третото место и финалето.

В четврток во Рим од 18.00 часот Полска ќе игра против Словенија, а Италија од 21.15 часот ќе се сретне против Франција.

Најдобрата македонска репрезентација предводена од селекторот Јошко Миленкоски го оствари најголемиот успех на континенталните собири, за првпат беше дел од нокаут-фазата, меѓу најдобрите 16 во Европа.

Од 24 учесници, годинава на ЕП Македонија го освојува 16 место што е нашиот најдобар пласман.

Претходно на ЕП 2019 завршивме на 17 место, а две години подоцна на претпоследната 23 позиција.

Конечен пласман, Евроволеј 2023

1.
2.
3.
4.

5. Холандија
6. Србија
7. Романија
8. Украина
9. Германија
10.Португалија
11.Хрватска
12.Чешка
13.Турција
14.Белгија
15.Бугарија
16.Македонија

17.Шпанија
18.Израел
19.Финска
20.Грција
21.Црна Гора
22.Естонија
23.Швајцарија
24.Данска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот