Македонија ЃП ги започна подготовките, тројца играчи ги раскинаа договорите

македонија ѓп
„Лавовите“ од Ѓорче Петров означија старт на подготовките/Фото: facebook/ФК Македонија Ѓорче Петров 1932

Екипата на Македонија Ѓорче Петров ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2021/2022.

Од клубот информираа дека Димитри Димитриевски, Кристијан Ивановски и Филип Костовски ги раскинаа договорите.

Претходно беше прекината и соработката со Абу Камара и Балша Бановиќ и тие се слободни фудбалери.

А бразилските интернационалци Фернандо и Матеус ги продолжија договорите со клубот до 2023 година.

Во Првата фудбалска лига играчите на Македонија ЃП моментно се наоѓаат на шестото место со 27 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот