Македонецот најдобар на Кипар: Тричко стрелаше и против Докса! (ВИДЕО)
Денеска во рамките од деветтото коло во најсилното фудбалско првенство на Кипар составот на АЕК Ларнака славеше на домашен терен против Докса.
АЕК Ларнака поведе во 14. минута од средбата со погодокот на Иван Тричковски за 1:0, резултат со кој заврши првото полувреме.
Македонскиот репрезентативец кој настапи до 69. минута на тој начин го запиша и 10. погодок и е моментно најдобар стрелец во најсилниот кипарски шампионат.
Ја напушти играта поради повреда, наскоро ќе се дознае дали станува збор за нешто посериозно, со оглед на тоа што се најде во списокот кај селекторот Ангеловски за последните два квалификациски дуели за ЕП 2020 година против Австрија и Израел.
Израмнија гостите преку Акото во 76. минута, а во самиот финиш домаќините успеаја да дојдат трите бода благодарение на Кивини (90+5).
Даниел Мојсов за домашната екипа го одигра целиот меч, АЕК Ларнака се наоѓа на второто место во генералниот пласман со 15 бодови, два помалку од Анортозис, но напомена дека водечкиот тим има и два меча помалку.