Македонец на врвот на Европа: Тричковски пред Левандовски, Халанд, Имобиле..!

twitter.com/AEK_LARNAKA

Уште еден доказ дека нашиот репрезентативец е во одлична голгетерска форма на клупски план во редовите на АЕК Ларнака.

Иван Тричковски како што вели статистиката е стрелец број еден во Европа доколку се гледа учинокот во домашните првенства и коефицентот на ефикасност.

Македонецот лани на Кипар реализираше 20 голови на 18 натпревари и со коефициент од 1,11 е најдобар во Европа.

На оваа листа на втората позиција е голгетерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски со коефициент 1,10, или 34 голови од 31 меч.

Третопласиран е Жан-Пјер Нсаме (Јанг Бојс), 1,00 (32 голови/32 натпревари), следуваат Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Чиро Имобиле (Лацио), овој вториот има биланс од 36 погодоци во 37 мечеви. Шестопласиран е Шон Вајсман од редовите на Волфсбергер…

На седмото место е Кристијано Роналдо, играчот на Јувентус (0,94) со 31 гол од 33 мечеви, „десетката“ ја комплетираат Ерик Сорга (Флора), Килијан Мбапе (0,90) со 18 голови од 20 натпревари) и Жуниор Мораес (Шахтјор).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот