Мајсторе што направи: Италијански репрезентативец истетовира погрешен лик

epa06002213 Italy's forward Gianluca Lapadula (R) celebrates after scoring 1-0 against San Marino during the friendly soccer match between Italy and San Marino at Carlo Castellani stadium in Empoli, Italy, 31 May 2017. EPA/FABIO MUZZI

Џанлука Лападула стана предмет на потсмев на социјалните мрежи откако во желбата да го истакне своето перуанско потекло, на неговата рака е истетовиран погрешен лик.

Кариерата на Џанлука Лападула е исполнета со подеми и падови, блесна во Пескара по што беше купен на Милан.

Во дресот на „росоњерите“ не се прослави и беше продаден во Џенова која пак го испрати во Лече каде повторно ги тресеше мрежите, а кога тимот испадна од Серија А, се пресели во Беневенто. Лападула кој е продукт на академијата на Јувентус, сезонава веќе постигна гол, но за време на репрезентативната пауза направи невиден лапсус со кој стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Имено, италијанскиот репрезентативец е горд на своето перуанско потекло, мајка му е од Перу и тој се реши да истетовира слика на воин од племето на Инките кои живееле на денешната територија на Перу.

Моето потекло, половина од моето срце, половина од мојата крв, Перу“ се пофали Лападула со најновата тетоважа, но токму тогаш сфати дека направи невиден кикс.
Имено, на неговата рака не е насликан воин од племето Инки, туку северноамерикански Индијанец од племето Апачи, по што неговиот профил на Инстаграм беше затрупан со шегите на фановите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот