Мајкл К. Вилијамс пронајден мртов во својот стан во Њујорк: Актерот отворено зборуваше за неговата долгогодишна борба со дрогата

Актерот и продуцент, номиниран за три награди „Еми“, Мајкл Кенет Вилијамс беше еден од најценетите и најпознатите таленти на неговата генерација. Оживувајќи комплицирани и харизматични ликови честопати со изненадувачка нежност Вилијамс се постави како надарен и разноврсен уметник со уникатна способност да ја воодушеви публиката преку ликовите кои ги игра.
View this post on Instagram
Мајкл Кенет Вилијамс, кој го глумеше Омар Литл во телевизиската серија „The Wire“, беше пронајден мртов во својот стан во Њујорк во понеделникот, соопшти полицијата.
Портпаролот на њујоршката полиција изјави дека 54 -годишниот Вилијамс е пронајден мртов во стан во Бруклин, откако итните служби добиле повик.
View this post on Instagram
Њујоршката полиција објави дека истрагата за причините за неговата смрт е во тек.
Медиумите пишуваат за можно предозирање, но тоа не е официјално потврдено.
View this post on Instagram
Вилијамс, кој беше номиниран за три награди „Еми“, честопати отворено зборуваше за неговата долгогодишна борба со дрогата.