Мајката на Меган Маркл се пресели во новиот дом на принцот Хари: Пресреќна е што ќе го чува внукот Арчи!

инстаграм

Мајката на Меган Маркл (38), Дориа Рагланд наскоро ќе се пресели во новиот дом на принцот Хари (26) во Лос Анџелес, пренесуваат британските медиуми.

Иако кружеа гласини дека Хари не е во најдобри односи со мајката на Меган, со овој потег се демантираа сите гласини, а мајката на Меган најмногу се радува што ќе живее со својот внук Арчи.

„Меган, Хари и Арчи немаа воопшто можност да се дружат со Дориа откако се преселија во Лос Анџелес бидејќи настапија мерките за изолација поради пандемијата од коронавирусот и цела Калифорнија беше во застој“, рекол извор близок на семејството и додал дека Хари и Дориа се во одлични односи.

Иако на почетокот од годината се откажаа од сите кралски обврски, луксузот воопшто нема да им недостасува. Парот неодамна купи луксузна вила која се проценува на околу 16.5 милиони долари, а се простира на површина од 22 хектари површина и има 9 спални соби, 12 купатила и одличен поглед кон градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот