Маја Оџаклиевска се повлекува: Уморна сум од сѐ, ова нека биде убаво збогување
Пејачката Маја Оџаклиевска ја изненади јавноста кога при гостувањето во емисијата „Луда ноќ“ на РТС рече дека сака тоа да ѝ биде убаво збогување. Како што рече, уморна е од сѐ.
„Овој пат ме потсетивте да ве потсетам дека ова навистина би требало да биде едно убаво збогување, така што би молела да не настапувам, да, знам дека го сакате тоа, но малку сум уморна од сѐ“, рече Маја.
„Ви простувам што ме поканивте, во секој случај ви благодарам и секако, ова нека биде едно убаво збогување“.
Маја последниве неколку години се повлече од јавноста, живее од пензијата која не ѝ е многу висока и се грижи за внукот Лука, на кого пред седум години му е дијагностициран аутизам.
„Првите три месеци беа најтешки. Се одвои од родителите, а тоа се манифестираше со самоповредување. Тоа е типично за аутустичните деца. Кога сфати дека јас сум некој кој го сака безусловно, се промени. Грижата за Лука е поделена со мојата ќерка, само што јас сфаќам дека тој има проблем, а ќерка ми малку потешко го прифаќа тоа“, откри пред извесно време Маја.
„Не можам да му пружам многу на внукот со мојата мала пензија, но тој е разумен. Кога ќе му речам не може баба тоа, немаме пари, се натажува, ама молчи. Не е бесно дете кое сака по секоја цена да си го истера своето“, раскажа во една прилика Маја.