Маглата нов адут во борбата против пожарите во Европа

Фото Лајф НИеблас

На собирачите за магла се прикачуваат листови од пластична мрежа и кога ветерот ја носи маглата низ мрежата, капките вода се собираат и се складираат во контејнер под мрежата.

Во време кога пожарите ги пустошат шумите во Шпанија, Франција и Португалија, а пеколните горештини предизвикаа суша во Европа и Обединетото Кралство, шпански и португалски научници се обидуваат да го решат проблемот со помош на магла.

Проектот „Лајф Ниеблас“ кој е поддржан од Европската Унија користи колектори за магла на шпанскиот остров Гран Канарија во предели кои се опустошени од пожарите.

На собирачите за магла се прикачуваат листови од пластична мрежа и кога ветерот ја носи маглата низ мрежата, таа кондензира и капките вода се собираат и се складираат во контејнер под мрежата.

– Собирањето капки од магла е применливо во обновувањето на зимзелените шуми на Канарските острови, кои самите собираат магла за да преживеат. Капките вода од маглата се кондензираат на сјајните, лисја на дрвата – вели Виченч Карабаса, главен научник на проектот „Лајф ниеблас“ кој работи за центарот за еколошки истражувања и применето шумарство на универзитетот во Барселона.

За да работат добро, на собирачите им се потребни магла и ветер, услови кои постојат токму на Канарските Острови и во Португалија, а во помала мера и на Медитеранот, каде шумските пожари стануваат се поголем проблем.

– Сè уште се обидуваме да откриеме кои се оптималните услови за работа на собирачите за магла – вели Карабаса.

Технологијата со собирачите за магла ќе се тестира и во крајбрежните области околу Барселона како и и општината Ел Брук во северна Каталонија која беше опустошена од огромен пожар во 2015 година.

Фото Лајф НИеблас

Целта на проектот на Канарските острови, целта е да се собираат 215.000 литри вода од магла годишно за да се обноват и пошумат 20.000 ловорови дрва на 35 хектари во шумата Дорама, област во која постои голем ризик од опустошување како резултат на пожарите. Превидено е областа да се пошуми со автохтони видови дрва како лаурисилва, мирта, магнолија и ловор.

Освен колекторите за магла, научниците паралелно тестираат и „кожурец“ , биоразградлив контејнер во облик на крофна направен од рециклиран картон кој се обвиткува околу дупката каде што е засаден расадот и може да собере до 25 литри вода. Обезбедува вода и заштита за расадот во текот на првата година.

Навлаката на контејнерот ја намалува загубата на вода поради испарување, а „кожурецот“ исто така го штити расадот од мали тревопасни животни. Тој е закопан во земја и првично рачно се полни со вода, а подоцна со вода од врнежите, додека на Канарските острови и во Португалија се тоа се прави со собирачите на магла.

Фото Лајф НИеблас

Тие се тестираат во три европски земји, Шпанија, Италија и Грција, каде биле засадени на различни почви и во различни климатски услови. Експеритементот кој трае веќе две години покажа дека со контејнерите за вода драстично се зголеми процентот преживеани садници посебно во многи топли услови.

Оваа технологија е развиена од холандската компанија „Ленд Лајф“ и се користат низ целиот свет,но проектот „Грин линк“ е фокусиран на плантажа со органски бадеми во Алмерија, како и на проекти за пошумување во Валенсија, Аликанте, Каталонија, Италија и Грција.

Бидејќи пеколните горештини го зголемуваат ризикот од пожари , научниците се надеваат дека овие техники ќе го забрзаат деценискиот процес на пошумување.

– Ние се справуваме со пошумувањето на поодржлив и поефективен начин и тоа во области што се ранливи на климатските промени и опустушувањето – вели Карабаса.

Оваа година е рекордна по бројот на пожари во југозападна Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот