Мадуро му испрати гитара на Роџер Вотерс

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро му испрати мала јужноамериканска гитара како подарок на британскиот музичар Роџер Вотерс, еден од основачите на легендарниот бенд „Пинк Флојд”, за да му се заблагодари за тоа што упатува критики кон санкциите на САД против оваа латинска земја.

Претседателот на Венецуела му се заблагодари на британскиот музичар за неговото „разбирање, солидарност и поддршка за венецуелскиот народ што се соочува со американската империјалистичка блокада”.

Венецуела, која има најголеми резерви на нафта во светот, доживува најголема економска криза во својата историја, а Мадуро му препишува на САД дека води “економската војна”.

Роџер Вотерс одговори со видео во кое вели „дека е возбуден” од подарокот Мадуро.

„Ќе продолжиме да правиме се што можеме за да ја поддржиме борбата на венецуелскиот народ против напорите на Империјата да го уништи. Ние сме на ваша страна и ќе продолжиме да бидеме”, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот