Мадрид ќе укине дел од рестриктивните мерки

Воведени нови рестрикции на движење во Мадрид/ Фото: EPA-EFE/David Fernandez

Регионот на Мадрид во текот на неделата ќе почне со укинување на дел од рестриктивните мерки што беа воведени поради Ковид-19, соопштија градските власти.

Најавата за укинување на дел од мерките е во време кога во другите делови на Шпанија се заоструваат мерките со цел да се спречи ширењето на третиот бран на Ковид-19.

Во Мадрид од петок се предвидува да можат до шест лица да седат на една маса на терасите на рестораните, а можно е и полицискиот час да почнува од полноќ.

– Во Мадрид правиме се што можеме да ги задржиме баровите и рестораните и нашиот културен простор отворен и покрај политичкиот притисок, изјави конзервативната регионална лидерка Исабел Диза Ајусо.

Изминатите 14 дена регистрирани се 993 заразени лица на 100.000 жители, што е повеќе од 887 случаи на национално ниво. Во изминатите две недели пријавени се над 66.000 новозаразени луѓе, што е повисока бројка од кој било друг шпански регион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот