Мадона раскина со 35 години помладото момче: Годините не биле проблемот

Фото: Профимедиа

Maдона беше во врска со 28-годишниот танчер Ахламалик Вилијамс речиси четири години откако се сретнаа во 2015 година, но нивната љубов заврши.

Алудирајќи на разделбата, 63-годишната Мадона, која била забележана со згоден мистериозен маж изминативе денови, на својот инстаграм-профил сподели очигледно посветен цитат кој гласи:

„Кармата вели: кога некој во твојот живот не е погоден за тебе, Бог постојано ќе го користи за да те повреди додека не станеш доволно силна за да го пуштиш да си оди“.

Фото: Instagram

Сепак, не била разликата од 35 години меѓу поп иконата и танчерот која предизвикала проблеми според извештаите, бидејќи се вели дека поранешната двојка ги заладила односите за време на пандемиското заклучување.

„Мадона се фрли во зафатен социјален живот и се гледа со пријателите и семејството по разделбата. Таа има преполн распоред, работи на претстојниот биографски филм, нова музика и се грижи за своето семејство“, тврди извор за „The Sun“.

„Работите со Ахламалик почнуваат и завршуваат некое време. Има многу љубов, но засега решија да се разделат“, додал изворот.

Фото: Инстаграм

Минатиот вторник пејачката излегла на вечера во Лос Анџелес со мистериозен маж. Таа била забележана со истиот човек само 24 часа подоцна додека тој ја придружувал на забавата во Беверли Хилс.

Веста за романсата на Мадона и Ахламалик првпат стана јавна во 2019 година, откако се појавија заедно на инстаграм-профилот на пејачот Ray Of Light.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот