МААЕ соопшти дека руските војници го напуштиле Чернобил

Фото: ЕПА-ЕФЕ

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека украинските власти јавуваат за повлекување на руските трупи од нуклеарната централа Чернобил.

МААЕ соопшти дека руските сили и написмено контролата врз централата ја предале на украинскиот персонал.

Вработените во нуклеарката соопштиле дека во Чернобил повеќе нема „луѓе однадвор”, што не е потврдено од МААЕ.

Руските трупи ја презедоа контролата врз Чернобил на самиот почеток на воените операции во Украина. Украинскиот персонал што ги опслужува капацитетите беше оставен на работно место.

Во комплексот на нуклеарната централа Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во светот, нема оперативен реактор за производство на електрична енергија, но капацитетот има потреба од управување, а во куполата изградена над уништениот реактор и денес се складира нуклеарен отпад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот