Иранска нуклеарна програма / Фото: EPA

МААЕ: Нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека нема докази дека Иран развива нуклеарна бомба, но нагласи дека одбивањето на Иран да им дозволи на инспекторите целосен пристап до објектите е причина за сериозна загриженост.

Гроси на социјалните мрежи изјави дека е јасен и доследен во своите извештаи.

„Бев многу јасен и доследен во моето известување за нуклеарната програма на Иран: иако нема докази дека Иран гради нуклеарна бомба, неговите големи залихи на ураниум близу до степен на оружје и неговото одбивање да им дозволи на моите инспектори целосен пристап се причина за сериозна загриженост“, напиша тој.

Тој додаде дека во претходните извештаи навел дека Агенцијата нема да може да даде гаранции дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво „мирољубива“, сè додека Иран не помогне во решавањето на отворените прашања поврзани со мерките за надзор.

Сателитски снимки откриваат: Иран го зајакнува подземниот комплекс покрај нуклеарна постројка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот